Хапоел од Ерусалим е подготвен да го доведе Желимир Обрадовиќ, најтрофејниот тренер во Европа, на клупата следното лето.
Обрадовиќ даде кратка изјава за целата ситуација.
„Веќе нагласив дека не планирам да бидам тренер до јуни. Дотогаш, ќе се фокусирам исклучиво на мојот приватен живот“, им рекол Обрадовиќ.
Хапоел од Ерусалим има идентичен план како и неговиот истоимен тим од Тел Авив, кој успеа да влезе во елитното натпреварување минатата сезона со освојување на Еврокупот.
Доколку ова не се случи, Хапоел многу веројатно ќе ја искористи најавената елиминација на Асвел од Евролигата, а обезбедувањето лиценца би било најмал проблем, бидејќи клубот е во сопственост на младиот бизнисмен и инвеститор Матан Аделсон, чие богатство се проценува на околу 37 милијарди долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

