Е. Пелистер со четири гола негатива на полувремето против Висла Плок

Ракометарите на Е. Пелистер имаат негатива од четири гола (9-13) на полувремето од 11. коло во Групата Б од ЛИгата на шампионите. Пред своите навивачи „зелените“ не успеваат да парираат на поквалитетниот противник.

Гостите од самиот старт наметнаа силен ритам поведувајќи со 0-3. Тоа водство постојано ја одржуваа во продолжуваа, и зголемувајќи, па доаѓајќи и до 4-9 во еден момент.

Македонскиот тим успеа да фати ритам и да дојде до 8-10 на пет минути пред крајот на полувремето. Но, потоа следеше нова серија на Висла Плок која дојде и до 8-13, а со гол на „пелистерци“ на крај и за 9-13 на паузата.

Се вчитува...