Без голови по првиот дел: Самсунспор промаши пенал, Тамба имаше добра шанса за Шкендија (ВИДЕО)

Шкендија и Самсунспор играат без голови по првите 45. минути на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје во првиот плеј-оф натпревар од Лигата на Конференции, иако можеше да има барем два гола според шансите и според она што го прикажаа актерите на теренот.

Самсунспор промаши и удар од белата точка, потоа уште една супер шанса, додека Шкендија имаше свои прилики преку противнападите.

Уште во шестата минута турскиот тим доби пенал, откако Фетаи стартуваше над Асуму. Меѓутоа Ндиаје ја презеде одговорноста, и шутираше високо над голот. Промашена беше голема шанса.

На спротивната страна со прилика врати Тамба. Портивнапад после кој крилниот играч на Шкендија се најде во идеална позиција, отиде премногу десно, па така Кочук немаше проблеми да интервенира.

До крајот на полувремето се беше во знакот на Самсунспор, кога станува збор за шансите. Асуму имаше обид, брани Гаје, а во 39. минута уште една промашена прилика за Ндиаје. После една добра акција, се најде осамен на пет метри, неговиот шут повторно оди над голот, како и со пеналот претходно, така пропадна и последната можност да се види гол по првото полувреме.

Се вчитува...