Минимална победа од 0-1 на Самсунспор на гостувањето против тетовска Шкендија вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“. Турската екипа стигна до вредна победа благодарение на гол во вториот дел, на нововлезениот Муандилмаџи. Фаворитот ја оправда улогата, и дојде до победата, остварена потешко од очекувањата.
Тренерот на тетовци Јетон Беќири по мечот изјави дека не биле на посакуваното ниво на овој меч.
„Противничката екипа беше подобра екипа денеска и сакам да им честитам. Мислам дека не бевме на нашиот максимум на вечерашниот меч, но кога играш против квалитетен тим треба секој момент да го искористиш и тие две три шанси да ги реализираме. Од друга страна противникот успеа да даде гол од нивните неколку шанси и тоа го реши мечот. Не чека меч со Силекс викендов, а потоа во четврток на гостински терен ќе се обидеме да се претставиме во подобро светло и на наша подобра игра“, изјави Беќири.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

