Минимална победа од 0-1 на Самсунспор на гостувањето против тетовска Шкендија вечерва на Националната Арена „Тодор Проески“. Турската екипа стигна до вредна победа благодарение на гол во вториот дел, на нововлезениот Муандилмаџи. Фаворитот ја оправда улогата, и дојде до победата, остварена потешко од очекувањата.
Тренерот на турскиот тим, Торстен Финк по мечот изјави дека иако е среќен за победата, сепак предупредува дека има и втор меч.
„Посебно сум среќен за победата бидејќи беше мој прв натпревар. Екипата направи се што беше потребно. Ништо не е завршено бидејќи имаме и втор натпревар, но за самодоверба беше многу значаен овој триумф. За нас посебно значајно беше да го завршиме мечот без да примиме гол“, изјави Финк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

