„Катанец во Македонија не им се допаѓаше на многумина затоа што беше еден врвен професионалец“ (ВИДЕО)

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК гостин и поранешниот истакнат македонски репрезентативец Влатко Грозданоски кој повеќе од десет години беше стандарден член на националниот тим.

Грозданоски има 50 настап во националниот дрес и со четири постигнати голови. Во неговата репрезентативна кариера работел со дури осум селектори, Ѓоре Јовановски, Никола Илиевски – Џиџи, Драган Канатларовски, Слободан Сантрач, Бобан Бабунски, Сречко Катанец, Мирсад Јонуз и Џон Тошак.

Во репрезентативната кариера на Грозданоски ќе останат запаметени неговите настапи во Саутемптон во ремито (2-2) против Англија под водство на Никола Илиевски – Џиџи, но и ремито (2-2) против Холандија во Скопје под селекторската палка на Драган Канатларовски. Беше во почетниот состав и во ремито (0-0) со Англија во Манчестер, но и победите над Шкотска (1-0) и Хрватска (2-0) под водство на Сречко Катанец.

Влатко Грозданоски против Аријан Робен на мечот со Холандија

На прашањето кој селектор кај него оставил најсилен впечаток, Влатко Грозданоски со став.

„Јас сум благодарен на сите селектори со кои што сум соработувал, почнувајќи од Ѓоре Јовановски, кој што првпат ме повика, па Никола Џиџи Илиевски, кој што ми даде шанса на само 19 години, нели, да играм стандардно против силни репрезентации како Турција, како Англија. И Драган Канатларовски Цапар, па Сантрач, Бабунски, Јонуз и на крај Џон Тошак последната година. Меѓутоа, јас би сакал посебно да го издвојам Сречко Катанец, кој што за мене е еден врвен професионалец. Човек кој можеби на многу луѓе не им се допаѓаше поради тоа што беше премногу голем професионалец. Тој беше човек кој што мене ми остави посебен впечаток во тој период од десет години колку што бев репрезентативец. И кај него, можеби, на почетокот не бев стандарден, меѓутоа после неколку натпревари веќе почнав да играм стандардно и многу веруваше во мене. Меѓутоа, не само поради тоа што сум играл кај него. Неговите човечки особини и професионализмот ми оставија силен впечаток!“ – вели Грозданоски во „ПРЕСИНГ“ на прашањето околу тоа кој селектор кај него оставил најголем впечаток.


=====================================================

ЦЕЛИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО ВЛАТКО ГРОЗДАНОСКИ И НИКОЛА ЃОШЕВСКИ ГЛЕДАЈТЕ ГО ТУКА…

Се вчитува...