Лука Станковски прави трансфер во Украина

Македонскиот репрезентативец Лука Станковски треба во следниот период да го комплетира трансферот од Раднички Крагујевац во украинскиот тим на Колос Коваливка. Станковски стигна во РАднички во 2024 година, и го напушта клубот после 1,5 година. Прво пристигна како позајмен од Газиантеп, а потоа со пермаментен трансфер.

Колос е шестопласирана во украинскиот шампионат во моментов, со 25 бодови од 16 натпревари. Македонецот оваа сезона за Раднички одигра 16 натпревари, и не постигна гол. Не е познато колку Раднички ќе заработи од овој трансфер, но Украинците се согласиле да платат отштета.

Трансфер пазарот во Украина е отворен уште 18 денови, и нема никаква пречка да се реализира потписот на Станковски во овој тим. Се очекува во следните часови украинскиот тим да го промовира Станковски за свој нов фудбалер, и да обелодени детали околу договорот.

Станковски во последно време се наоѓаше на списокот на македонската репрезентација под водство на Благоја Милевски.

Се вчитува...