Атанасов: Куп-трофејот е заборавен, сакаме нова победа во Куманово

МЗТ Скопје успеа во првата зацртана цел – да го одбрани трофејот во Купот на Македонија, по што сега погледите се вртат кон домашната Супер-лига каде аеродромци исто така се бранители на пехарот.

Нецела седмица по триумфот на куп-финалето над Куманово, „металците“ повторно се среќаваат со истиот ривал, и тоа повторно во салата на противникот. Тренерот Васко Атанасов испрати јасна порака до своите избраници, дека куп-трофејот мора што поскоро да биде заборавен, за и во утрешниот првенствен дуел да се влезе со истата енергија и моотивираност.

„Триумфот во Купот е прославен и – заборавен. Фокусот веќе ни е насочен кон обврските во Суперлигата и новото гостување во Куманово против незгодниот домаќин, кој покажа дека има квалитет за борба против најдобрите. Ќе сториме сè да ја повториме играта од неделното Куп-финале со што повторно би дошле до нова победа против кумановци. Верувам дека моите момци ќе дадат сè од себе за на крајот да дојдат до идентичен епилог“, порачува Атанасов во пресрет на денешниот дуел.

Се вчитува...