Гест за почит: За дербито со МЗТ донесете мече – подарок за ранливите категории

Куманово се покажа како добар организатор на завршниот турнир од Купот на Македонија, а по завршувањето на овој настан кумановци во првиот меч по куп-паузата повторно се среќаваат со тимот на МЗТ Скопје.

Кумановските фанови се организираат за во што поголем број да го проследат дуелот со актуелниот шампион, но истовремено и обелоденија фантастична кампања, на овој натпревар присутните да донесат што повеќе плишани мечиња што потоа ќе бидат подарени на деца од ранливите категории.

„Кумани имав акцију у коју свак дојден у салу ќе понесе плишано мече и ќе га фрљи на даден знак, исто тој мече ќе биде доделено на деца од ранливи категорие. Идемо на победу, ПОНЕСИ МЕЧЕ – ИЗМАМИ ОСМЕХ НА НЕКОЕ ДЕТЕ“, се вели во објавата на навивачите на Куманово.

Се вчитува...