Огромна е кризата во ФК Победа, а нарушените односи меѓу управата на клубот и градските власти придонесоа реална да е опасноста – овој клуб да исчезне од фудбалската мапа на Македонија доколку не се појави на терен на првите натпревари од продолжението на Втората лига што ќе стартува викендов.
Навивачите со години наназад со право се исфрустрирани, но еден од најприврзаните за ФК Победа, Кире Иваноски – Балче, на социјалните мрежи објави и сериозна закана – дека самиот ќе се запали на центарот на стадионот во Прилеп доколку неговиот клуб не се појави на теренот против Новаци.
„Излегувам од болница Отешево и доаѓам в сабота на натпреварот Победа – Новаци. Во спротивно земам збогум со моите прилепски фудбалџии и се самозапалувам на центарот на фудбалскиот храм, Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп! Нема сила што може да ме спречи! Амин!!! Збогум! Се за Победа! Победа вечна, народе мој! Животот мој зависи од Победа Прилеп и од вас, фудбалџии мои драги и мили! Амин!“, објави Иваноски на Фејсбук.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

