Работнички не се предава без борба: Голема победа над Брера

Работнички e далеку зад ривалите во борбата за опстанок, но „романтичарите“ со денешниот триумф во Струмица над Брера само покажаа дека немаат намера да капитулираат без борба.

Скопскиот тим одигра импресивно и заслужено славеше со 3-4 над струмичани, први знаци на живот пред престојните битки на кои Работнички мора да оди на победа буквално на секој натпревар.

Почетокот мина во знакот на новото засилување Џејкоб Езеб, кој ги постигна првите два гола за Работнички, гол за Брера постигна Тодоров и на одмор се замина со 1-2. Клучен беше стартот на второто полувреме во кое Работнички постигна два брзи погодоци преку Сухељ и Манојлов  и практично го реши прашањето на победникот.

Брера намали на 2-4 со голот на Тодоров, потоа во 94. минута прецизен беше и младиот Велков, но и тоа беше недоволно за Брера да избегне пораз на овој натпревар.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...