Браќата Ландин од следната сезона повторно ќе бидат и клупски соиграчи откако Магнус Ландин реши да си замине од Кил и да се врати назад во татковината, потпишувајќи договор со Алборг.
Дел од данскиот ракометен гигант неколку сезони наназад е голманот Никлас Ландин, кој исто како и Магнус дојде во Алборг токму од редовите на Кил. Крилниот ракометар имаше понуда да остане дел од „зебрите“, но сепак ја одби истата за да се врати назад во данскиот шампионат.
„Магнус низ годините покажа дека е еден од најдобрите во светот на позицијата лево крило, исклучително ефикасен во нападот, но и беспрекорен во одбраната. Доаѓањето на Магнус Ландин е уште еден потег кон остварување на големата желба, кревање на пехарот во Лигата на Шампионите. Фактот дека повторно ги обединуваме браќата Ландин е само шлаг на тортата за нас како клуб“, изјави тим-менаџерот на Алборг, Мартин Ларсен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

