Е. Пелистер без проблеми против МРК Куманово

Актуелниот ракометен шампион на Македонија без проблеми славеше против МРК Куманово со 19-43.во премиерниот натпревар од последното 22. коло од првиот дел од сезоната во Суперлигата на Македонија.

Битолчани тргнаа фуриозно уште од самиот старт на натпреварот па веќе на полувреме имаа убедлива предност од 10-22. Во вториот дел разликата само се зголемуваше за конечен триумф од 19-43.

Богдан Радивојевиќ со 14 гола  беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Христијан Вујицевски постигна шест гола.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...