Канада со супер-пресврт против Финска до финале на хокеарскиот турнир на ЗОИ

Репрезентацијата на Канада е првиот финалист на хокеарскиот турнир на Зимските олимписки игри во Милано-Кортина откако вечерва во еден епски натпревар во полуфиналето по пресврт славеа над репрезентацијата на Финска со 3-2.

Финците може да жалат бидејќи имаа предност од 0-2 со погодоците на Рантанен во 17. минута и на Хаула во 24. минута. До крајот на втората третина Канада успеа да намали на 1-2 преку Рајнхарт во 35. минута.

На 2-2 израмни Теодоре во 51. минута, додека погодокот вреден финале го донесе Мекинон (3-2) на 36 секунди до крајот на мечот. Канада во финалето го чека подобриот од второто полуфинале во кое вечерва ќе се сретнат САД и Словачка.

 

Се вчитува...