Осминафиналните дуели од Купот на ОФМ 2026 во женска конкуренција не донесоа поголеми изненадувања, а интересен податок е дека сите полуфиналистички од минатата година се пласираа во четвртфиналето оваа година.
Најинтересното во оваа рунда беше соочувањето Фит Фан Волеј и Вардар ЕМ кое заврши со 3-0 за Вардар. Мечот се играше извонредно изедначено, особено во првите два сета, со резултатски пресврти и подеми, но црвено-црните во составот беа поконцентрирани во финишот и се пласираа во четвртфиналето.
Статус на четвртфиналисти имаат и бранителот на титулата Наковски Волеј, кој со максимален резултат го совлада Борец жени, а со ист учинак и Работнички Скопје, Газели Волеј, Младост УГД, Јанта Волеј КБ, Пелистер Волеј и Струмица жени си обезбедија билет за понатаму.
Четвртфиналните парови ќе бидат одредени преку полуфинална ждрепка, каде клубовите ќе бидат поделени во два шешири според пласманот од есенскиот дел на сезоната. Четвртфиналето од купот исто така се игра во еден добитен натпревар на теренот на подобропласираната екипа.
КУП НА ОФМ 2026 ЖЕНИ ОСМИНАФИНАЛЕ:
Наковски Волеј — Борец жени 3-0 (25-21, 25-19, 25-18)
Работнички Скопје — Ново Село 3-0 (25-5, 25-10, 25-10)
Газели Волеј — Виола Волеј ЕМА 3-0 (25-15, 25-7, 25-7)
Младост УГД — Форца Волеј ЕМА 3-0 (25-9, 25-7, 25-22)
Јанта Волеј КБ — Вардар жени 3-0 (25-13, 25-16, 25-14)
Пелистер Волеј — Фламино Волеј 3-0 (25-8, 25-14, 25-12, 25-16)
Струмица жени — Ускана 3-0 (25-8, 25-11, 25-11)
Вардар ЕМ — Фит Фан Волеј 3-0 (25-19, 30-28, 25-21)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

