Откако Црвена Звезда избори финале во Купот „Радивој Корач“, сите очекуваа и се надеваа дека во финалето и во борбата за пехарот ќе се гледа вечно дерби и дуел со Партизан. Меѓутоа „црно-белите“ во второто полуфинале беа посрамотени од тимот на Мега (80-58), со што овој тим ќе игра во финалето.
Изненадувањето се подготвуваше уште после првата четвртина, која ја добија кошаркарите на Мега, а тоа како да не беше лекција за Партизан. Зголемувањето на предноста Мега ја продолжи и во вториот дел. Во последната четвртина имаше инцидент, кога навивачите на Партизан беа отстранети од салата во Ниш, па така мечот после прекин продолжи, а таму Партизан немаше никакви шанси да се врати во игра. Напротив, Мега уште повеќе ја зголемуваше разликата, која во еден миг изнесуваше и +29 (49-78)
На крајот Партизан само успеа да намали од разликата, но и ова е бламажа за „црно-белите“, кои одново ги разочараа своите навивачи.
Марковиќ кај Мега беше најефикасен со 17 поени, додека Двејн Вашингтон и Бруно Фернандо кај Партизан постигнаа по 12 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

