Репрезентацијата на САД во хокеј е вториот финалист на ЗОИ во Кортина и Милано, откако вечерва низ целосна доминација ја совладаа селекцијата на Словачка со 6-2. САД со тоа ја оправда фаворитската улога и во недела во финале ќе се бори за трето злато на Зимските олимписки игри.
Словачка ги издржа налетите на фаворитот само четири минути, кога Ларкин ги донесе САД во предност. Томпсон во 20 минута зголеми на 2-0, и тоа беше конечен резултат во првата третина.
Во вториот период два гола на Хјуз и еден на Ајкел, донесоа убедлива предност од 5-0 пред последната третина.
Во последниот период Слафковски успеа да намали на 5-1. Ткачук постигна нов гол за САД за 6-1. Три минути подоцна Регенда го даде и вториот гол за Словаците, што беше конечен резултат.
Претходно Канада ја елиминираше селекцијата на Финска, која до денеска беше актуелен олимписки првак. САД нема златен медал од 1980 година. Последен пат беа со злато на домашен терен во Лејк Плесид, а историјата вели дека САД никогаш не го освоиле турнирот во хокеј на ЗОИ кога бил одржуван надвор од американско тло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

