Уште една тешка повреда на ЗОИ: Полска лизгачка се здоби со расекотина, крв течеше на сите страни

Полската репрезентативка Камила Селиер (25) се здоби со тешка повреда за време на четвртфиналната трка од 1500 метри во брзо лизгање на Олимписките игри. 

Во жестоката борба за позиции во еден круг, паднаа неколку натпреварувачки. Искусната италијанска ѕвезда Аријана Фонтана, најодликуваната олимпијка во историјата на шорт-трекот, и Американката Кристен Сантос-Грисволд исто така завршија на мразот.

Во хаосот што настанал, сечилото од лизгалката на Сантос-Грисволд го погоди Селиер во лицето, веднаш над окото. Посекотината била длабока, а сцената на патеката вознемирувачка – мразот бил испрскан со крв додека лекарите брзале да помогнат.

Откако беше укажана прва помош на патеката, Селиер беше имобилизирана и изнесена на носилка, а потоа со амбулантно возило беше пренесена во болница за понатамошни прегледи и лекување на повреда.

„Нејзиниот рез беше зашиен, а таа претрпе и фрактура на коската на лицето. Окото и сè околу него беше многу отечено, па на почетокот не знаевме дали окото е оштетено, но најверојатно сè е во ред. Компјутерската томографија покажа дека станува збор за мала фрактура на лицето и Камила треба да помине еден ден во болница, а потоа да биде пуштена дома. Таа не беше во бесознание во ниту еден момент, може сама да стане од кревет и генерално е добро“, објави Полскиот олимписки комитет.

Инцидентот погледнете го на следниот ЛИНК.

Се вчитува...