Вардар со еден гол до нова победа во ПМФЛ (ВИДЕО)

Вардар со минимален триумф од 1-0, ја продолжува победничката серија во Првата македонска фудбалска лига. На ФФМ „црвено-црните“ потешко од очекувањата ја совладаа екипата на Башкими, и дојдоа до нови три бода, со кои се зацврстија на чело на табелата.

Мечот главно мина во мирна атмосфера, се до пред самиот крај кога еден црвен картон на играчот на Башкими, Реџеп Мурати ги „запали“ страстите, па двата тима влегоа во „судар“.

Вардар ја имаше инцијативата, но тешко доаѓаше до шанси по голот на Јашар. Голот постигнат во 40. секунда беше оправдано поништен поради офсајд. Како одминуваше времето, Башкими ја стабилизираше играта, па кога се очекуваше крај на првиот дел, падна единствениот гол на средбата.

Данев во втората минута  од судиското продолжение шутираше, одби Јашар до Цветковиќ, кој ја спроведе во голот.

Во второто полувреме иста слика, Вардар ја имаше иницијативата, но Башкими можеше да им ги замрси сметките на лидерот. Во миговите кога остана со играч помалку, Башкими ја имаше најголемата шанса преку Рибеиро. Шутираше со волеј, но топката мина сантиметри крај голот, по што кумановци не успеаја да го избегнат поразот.

Се вчитува...