Струга ТЛ и натаму во зимски сон: Булатовиќ им „откина“ бод (ВИДЕО)

Ниту во третото пролетно коло, екипата на Струга ТЛ не успеа да дојде до победа, а со оглед на победата на Вардар претходно, сега разликата изнесува огромни девет бодови, со што стружани, се чини, и дефинитивно си ги згаснаа сите надежи дека може да дојдат до титулата на крајот од сезоната.

А, добро мина првиот дел за гостите од Струга. Поведоа со голот на Шабани, откако доби топка од Компаоре, и од втора го совлада Јовчевски.

Во второто полувреме Пелистер успеа да израмни. По недоразбирањето и грешката на голманот Ангелети, Лука Булатовиќ продолжува да ги „решета“ противничките мрежи, и донесе еден бод за својот тим.

Се вчитува...