Е. Пелистер 2 со лесен триумф над Струга

Ракометарите на Е.Пелистер 2, ја победија Струга во последното коло од регуларниот дел со 39-23. Битолчани апсолутно немаа никакви проблеми да дојдат до победата од овој меч, затоа што и по квалитет и по игра се далеку пред својот противник.

Уште на стартот домашните поведоа со 5-0, и од почеоткот се виде како ќе се одвиваат работите на натпреварот. Првиот дел заврши со 17-11, а второто полувреме битолчани го добија уште поубедливо.

Петар Марковски со 13 голови беше незапирлив кај победничкиот тим, додека Митревски постигна осум. Кај поразените девет голови постигна Наум Костов.

Се вчитува...