ВИДЕО Тензии и после мечот Вардар – Башкими, мораше да реагира и полицијата

Тензиите од натпреварот помеѓу Вардар и Башкими, кој заврши со победа на „црвено-црните“ од 1-0, се префрлија и надвор од теренот.

На видеото се гледа како дел од раководството на клубот, се обиде да се пресметува со службени лица кои беа присутни пред зградата на Фудбалската федерација. На крајот мораше да интервенираат и специјалците и да ги смируваат тензиите.

Башкими имаше замерки кон судијата за покажаниот црвен картон. Се огласија и од ФФМ од каде истакнаа дека гостинскиот играч добил црвен картон поради тоа што го плукнал судијата, при што од Башкими сакаа да го напуштат теренот, но го доиграа мечот.

Се вчитува...