Ракометарите на Бутел остварија лесен триумф над екипата на Тиквеш од 33-25 во Супер-лигата. И покрај тоа што кавадарчани добро се држеа и прираа некаде до 37. минута кога стигнаа до -2, сепак, на крајот скопскиот тим успеа да стигне до победата.
Токму после 37. минута кога беше 19-17, домаќините успеаја брзо да стигнат до +5, па потоа и до +8 (28-20), разлика која беше клучна за победата.
Најефикасен кај победничкито тим беше Дејан Михајловиќ кој постигна седум голови, додека кај Тиквеш се истакна Димитар Коцев со осум погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

