Охрид со втора победа над Дукла Прага до 1/4 финале во ЕХФ Купот

После убедливиот триумф на домашен терен од 30-21, ракометарите на Охрид остварија победа и на реваншот против Дукла Прага од Чешка од 30-24, и така се пласираа меѓу најдобрите осум во ЕХФ Купот.

Со тоа Охрид го направи најголемиот успех на меѓународна сцена, а противникот ќе го дознае со ждрепка во четврток.

Охриѓани имаа контрола на резултатот уште во првиот дел, на моменти имаа предност од три гола, за на полувреме да заминат со два (15-13).

Во второто полувреме го засилија ритамот не дозволувајќи му на противникот да помисли дека има шанси за некаква сензација.

Прибетиќ и Ојлески беа најефикасни со по четири голови.

Се вчитува...