Барди влезе и веднаш асистираше, Коњаспор го победи Галатасарај (ВИДЕО)

Екипата на Коњаспор оствари голема победа над Галатасарај од 2-0 во турската Супер-лига, благодарение и на Енис Барди.

Македонскиот интернационалец во вториот дел влезе во игра при 1-0, а потоа асистираше за вториот гол на својот тим, со кој ја запечати победата домашната екипа.

Од левата страна Барди одлично сервираше до Крамер, кој ја „заби“ топката во мрежата на гигантот од Истанбул.

Се вчитува...