Кошаркарите на ТФТ ја продолжија својата успешна серија во кошаркарската Прва лига, откако го совладаа тимот на Феникс потешко од очекувањата со 84-80.
Иако влегоа како фаворити, сепак, ТФТ мораше добро да се намачи за да стигне до нова победа, 15-та во 16-тиот меч.
ТФТ одлично го почна мечот, по првата четвртина се стекна со предност од 29-12. И кога се чинеше дека ја има контролата, Феникс се врати во вториот дел уште подобро, и го доби со 28-11. Феникс во третиот период имаше цело време предност, а клучниот пресврт се случи на средината на четвртата четвртина кога ТФТ успеа да дојде до пресвртот, и да ја задржи предноста до самиот крај, иако во финишот Феникс стигна и до „егал“ во еден миг 80-80.
Стенли со 23 поени беше најефикасен кај победничкиот тим.
Во вториот меч, кошаркарите на Чаир со 99-81 победија на гостувањето кај Кожув. Клучната разлика Чаир ја направи во втората и третата четвртина, после која домашните не можеа да направат „кам-бек“.
Најефикасен беше Билингсли со 26 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

