После инцидентите на мечот Вардар – Башкими, кој заврши со победа на домашниот тим од 1-0, и на кој имаше тензии во финишот од мечот, се огласија и од кумановскиот клуб.
Од таму велат дека сакале да се повлечат од теренот не поради црвениот картон, туку поради, како што велат, националистичките навреди од трибините.
„ФК Башкими 1947 ги информира јавноста и медиумите дека на денешниот натпревар против ФК Вардар, во последните минути од средбата, навивачите започнаа со навреди на национална основа, користејќи неприфатливи повици.
Овие повици беа повторени неколку пати, создавајќи напната и неприфатлива ситуација на стадионот. Напротив, немаше соодветна реакција од делегатот на натпреварот и судијата сè додека претставникот на нашиот клуб не беше принуден да интервенира и привремено да го отстрани тимот од теренот за заштита на нашите играчи и стручен штаб.
Истакнуваме дека ова беше единствената причина тимот да биде повлечен од теренот за неколку минути.
Клубот бара од Фудбалската федерација на Македонија да преземе итни и соодветни мерки против овој инцидент, за да не се повторат вакви случаи во иднина.
ФК Башкими 1947 отсекогаш се покажал како еден од најкоректните и најпочитуваните домаќини во македонскиот фудбал. Стоп на национализмот во фудбалот.“, стои во соопштението на Башкими.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

