Екипата на Арсими донесе ново засилување во своите редови. Станува збор за младиот 18-годишен Лавдрим Касами.
Касами игра во средниот ред од теренот, и ќе претставува засилување за иднината на „жолто-црните“. Доаѓа од редовите на Шкендија, каде настапуваше до сега, главно во младинските категории.
Освен Касами, Арсими го промовираше и Рамин Алии. Станува збор за досегашен играч на Горица од Словенија, а во својата кариера играше и во Скендербег. Станува збор за 24-годишен фудбалер кој игра во офанзивниот дел од средниот ред.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

