Арсими денеска се среќава со Шкупи во рамките на 19. коло од фудбалско првенство, по двата порази на стартот од пролетниот дел од сезоната екипата има јасна цел, а тоа е враќање на победничките патеки.
Во пресрет на оваа важна средба, своето очекување го сподели фудбалерот Арѓент Гафури:
„Нѐ очекува многу важен натпревар против Шкупи. Иако во моментов не се наоѓаат во најповолна позиција на табелата и не минуваат низ најдобар период, тоа воопшто не го менува нашиот респект кон нив. Шкупи е клуб со историја, традиција и квалитет во составот. Свесни сме дека ќе биде цврст натпревар и на теренот ќе го дадеме максимумот. Го почитуваме секој противник, но нашиот фокус е на нашата игра, на позитивен резултат и на продолжување на патот кон нашите амбиции“, вели Гафури.
Натпреварот Шкупи -Арсими ке се одигра денес со почеток од 14 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

