Во недостиг на своите две сонароднички Фрида Карлсон и Јона Судлинг кои поради болест ја пропуштија последната трка во крос-кантри на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, Еба Андерсон стигна до доминантна победа на делницата од 50 километри класичен стил.
Швеѓанката до победата стигна со вкупно време од 2:16:28.2 часа што беше за повеќе од две минути подобро од второпласираната освојувачка на сребрениот медал, Норвежанката, Хајди Венг.
Изненадувачки со бронза се закити Швајцарката Надја Келин која доцнеше скоро седум минути зад времето на победичката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

