Куп натпреварот меѓу Шкендија Арачиново и Работнички ќе се игра во Куманово

Поради отсуство на ВАР систем и несоодветни услови на домашниот стадион, фудбалскиот тим на Шкендија Арачиново ќе го одигра четвртфиналниот натпревар од Купот на Македонија против Работнички како домаќин на стадионот на Башкими во Куманово.

Средбата е закажана за 24 февруари 2026 година (среда) со почеток во 14 часот. Исто така, е потврдено дека дуелот помеѓу Детонит и Силекс ќе се одигра во Кратово на 25 февруари 2026 година во 14 часот, додека натпреварот Струга ТЛ – Шкендија е закажан за 18 март 2026 година во 14.30 часот.

Се вчитува...