Шкендија во финишот до голема победа над Силекс (ВИДЕО)

Фудбалскиот шампион на Македонија, Шкендија славеше на гостувањето во Кратово кај Силекс со 1-2 во дерби натпреварот од 19. коло од пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

Во 18. минута по една акција на тетовци, најдобро во противничкиот шеснаесетник се снајде Тамба кој на прекрасен начин донесе водство од 0-1 за гостите.

Кога сите очекуваа Шкендија да замине на пауза со позитива, така не мислеше Бутуровиќ кој во 45. минута израмни на 1-1. Во вториот дел мрежите мируваа се до самиот финиш кога Зејнулаи во 89. минута го постигна погодокот за 1-2 вреден три бода.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...