Фудбалерите на Арсими очекувано стигнаа до полн плен против „фенерџијата“ Шкупи од 0-3 во натпревар од 19. коло од пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.
Гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Селмани уште во 5. минута од натпреварот. До крајот на првиот дел беше и 0-2 откако прецизно стрелаше Гафури во 32. минута. Конечните 0-3 беа дело на Селмани кој за вторпат се запиша во листата на стрелци во 54. минута.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

