Со церемонијата на свеченото затворање во арена „Верона“ и официјално беа затворени Зимските олимписки игри во Милано-Кортина. Маестрално и спектакуларно затворање на игрите кои за првпат во историјата беа организирани во повеќе градови на северот на Италија.
Италијанската делегација го предаде олимпиското знаме на Франција каде на Алпите во оваа државата ќе се одржат следните ЗОИ во 2030 година. Норвешка го освои првото место на табелата со медали со рекордни 18 златни (претходно Норвешка 16 златни 2022 година), 12 сребрени и 11 бронзени медали – вкупно 41 што исто така е рекорд (претходно Норвешка 2022 вкупно 39 медали). Ова е нов историски рекорд за најмногу златни медали на едни Зимски олимписки игри.
Македонија имаше четири претставници на овие игри во имињата на Ставре Јада и Ана Цветановска во крос-кантри и Јана Цветановска и Виктор Петков во алпско скијање кои немаа значителен настап.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

