Во сезоната исполнета со огромни проблеми Партизан конечно доби добри вести. За натпреварот против Фенербахче во продолжението од Евролигата „црно-белите“ добиваат огромно засилување.
Тоа е Карлик Џоунс, натурализираниот кошаркар на Јужен Судан кој успешно се рехабилитираше од повреда. Фантастичниот плејмејкер беше надвор од теренот од 20. октомври, а неговата повреда претстави сериозен проблем за Партизан.
Џоунс на социјалните мрежи ја објави охрабрувачката порака за навивачите на Партизан. „Се гледаме на 25-ти“ со што наговести дека ќе биде дел од тимот за натпреварот со турскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

