Чупиќ: Со помош на „Комитите“ да избориме место во осминафиналето

Натпреварите од Лигата на Европа за Вардар продолжуваат со предизвикот наречен Мелсунген. Меч кој ќе биде одигран утре со почеток од 20:45 во СРЦ „Јане Сандански“.

Пред силниот предизвик со германскиот бундеслигаш за медиумите говореше тренерот Иван Чупиќ. Хрватскиот стратег очекува пеколна атмосфера и максимална борба за победа.

„По воведниот пораз од Бенфика знаевме дека е пред нас е многу важен меч. Ќе се подготвуваме за Мелсунген. Сите знаеме дека се работи за многу добра екипа со многу добар тренер кој сите добро го знаете. Наша цел е со две победи дома ќе обезбедиме место во осминафиналето. Одиме чекор по чекор за да се реализира тоа мора да дадеме се од себе на утрешниот меч. Се надевам дека по тешката недела позади нас и поразот од недела завршивме со победа против Алкалоид. И се надевам дека утре ќе го наполниме „Јане Сандански“ и со убава атмосфера ќе стигнеме до победа“, изјави Чупиќ.

Чупиќ презема одговорност за поразот во Португалија од Бенфика, натпревар во кој „црвено-црните“ потфрлија со 20 технички грешки.

„Реалност е дека виновен за поразот од Бенфика сум јас и преземам одговорност. Не бевме на ниво за меч од Лига Европа. Со 20 технички грешки и 40 примени голови не треба да си паметен многу за да знаеш каде е причината за поразот. Се случуваат мечеви кога не можеш да објасниш каде е грешката. Мора да го прифатиме тоа и со многу работа да го поправиме. Мислам дека мојата екипа два дена подоцна против Алкалоид покажа и карактер и желба и одговорност кон дресот што го носат. Како тренер се преиспитуваш по секој меч и одиш понатаму. Следна цел е Мелсунген и размислуваме на тоа“, додаде хрватскиот стратег.

Се вчитува...