Вардар уште од 20 часот и 45 минути во СРЦ „Кале“ продолжува со натпреварите од Лигата на Европа. Новиот предизвик за „црно-белите“ носи дуел со германскиот бундеслигаш Мелсунген.
Вардар на овој натпревар бара враќање на победничките патеки по поразот од Бенфика. За медиумите говореше Јака Малус кој и самиот побара голема поддршка од публиката и преполн „Јане Сандански“ за пеколна атмосфера.
„Сите знаеме каков квалитет има Мелсунген, но мислам дека по мечот со Алкалоид покажавме карактер и дека после еден пораз можеме да играме. Мораме да одиме на победа и заслужуваме да имаме полна сала бидејќи со добра атмосфера нас ќе ни биде многу полесно бидејќи во Германија не знаат за ваква атмосфера. Се надевам дека со помош на публиката ќе стигнеме до победа“, изјави словенечкиот ракометар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

