Тиквеш се радуваше на победа во последниот натпревар од 19. коло во ПМФЛ. Кавадарчани славеа на гостувањето кај Македонија ЃП со минимални 0-1.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Лусианињо кој ја затресе мрежата во 77. минута.
Претходно мрежата ја затресе и Сила во 55. минута, но истиот беше поништен поради недозволена ситуација.
Со овој триумф Тиквеш се искачи на седмата позиција на табелата со 24 освоени бодови. Македонија ЃП останува во опасната зона со само 19 бодови.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

