Џоунс: Бев и повторно ќе бидам лидер на Партизан

Карлик Џоунс успешно се рехабилитираше од повреда и се враќа во редовите на Партизан за натпреварот со Фенербахче.

Кај репрезентативецот на Јужен Судан постои големо задоволство од тоа што повторно ќе биде дел од составот. И поради фактот дека повторно ќе биде лидер на теренот.

„Се враќам и очекувам повторно да бидам лидер. Тоа и бев пред да се повредам и тоа ќе бидам сега кога се враќам. Само да предводам на било кој начин, дали со мојот глас, начинот на игра или страста. Што и да му е потребно на тимот“, изјави Џоунс.

Плејмејкерот верува дека неговиот тим има шанси за триумф против турскиот фаворит.

„Имавме добри шанси да победиме и во многу натпревари на кои не бев дел. Ситни детали не „убиваат“ на крајот на многу натпревари. Играме против добар тим, еден од најдобрите во лигата. Мораме да бидеме заедно, да ја играме нашата игра и да си верувам еден на друг. Се надевам дека ќе можам да помогнам и во малите детали и одлуките на крајот на натпреварот“, додава репрезентативецот на Јужен Судан.

Се вчитува...