Вон благодарна: Докторите ми ја спасија ногата од ампутација

Линдзи Вон пред неколку дена ја напушти клиниката во Италија, за денеска јавно да им се заблагодари на сите доктори кои се бореа за да и ја спасат ногата по страшниот пад на спуст-трката во Кортина.

Американката која реши да скија со скинати лигаменти имаше тежок пад, по што за три дена и беа извршени четири хируршки зафати, а самата Вон обелодени дека голема била и опасноста од ампутација на ногата, нешто што било спречено пред се поради професионалната реакција на медицинските лица.

„Имав таканаречен компартмент синфром, до кој доаѓа кога ќе дојде до такво трауматско оштетување на еден дел од телото за да се собере премногу крв која останува заробена и практн притиска се во тој просто, сите мускули, нерви и тетиви почнуваат да изумираат. Докторот Том Хекет и неговите соработници ми го спасија животот, ми ја спасија ногата од ампутација. Конечно излегов од болница, барем сум довлно добро за да можам да се преселам во хотел. Се уште не сум дома, но ова сепак е огромен чекор напред. Сега ќе се фокусирам на рехабилитацијата и на напредокот од инвадилска количка до штаки во наредните неколку седмици. Ќе ми биде потребна околу една година за сите скршени коски да зараснат, по што ќе одлучам дали сакам да ми се извади целиот вграден метал или не, па ќе мора да одам на нова операција за конечно да ги решам проблемите со предните вкрстени лигаменти. Ќе биде долг пат, но ќе стигнам до целта“, порача 41-годишната Линдзи Вон.

Се вчитува...