Барса прави моќен тим: Двајца Французи се пред потпис

Барселона има потпросечна сезона, а Жоан Лапорта за разлика од минатото лето во кое го лимитираше буџетот на кошаркарскиот тим, овојпат планира да инвестира во сериозни засилувања со кои каталонците би се бореле за трофеите како во Шпанија, така и во Евролигата.

Впрочем, тоа бил и условот за тренерот Чави Пасквал да дојде во клубот, откако му биле ветени засилувања со кои Барса повторно ќе има сериозен ростер, нешто што не е случај во последните две сезони.

Неофицијално, први пред потпис со каталонскиот гигант се двајцата француски репрезентативци, Силван Франциско и Тимоти Луваву Кабаро. Франциско ја игра својата најдобра евролигашка сезона во дресот на Жалгирис, со што го привлече вниманието на неколку европски гиганти. Барса сепак е најконкретна во преговорите, каталонските медиуми тврдат дека веќе е потпишан и преддоговор, а Жалгирис ќе добие значителна сума како отштета што одличниот плејмејкер една година пред истекот на договорот ќе си змаине од клубот.

Луваву Кабаро и сезонава игра одлично во дресот на Басконија, а универзалноста на овој играч, кој покрива неколку позиции во тимот, го прави идеален во системот на Чави Пасквал. Како и со Франциско, преговорите со Луваву Кабаро се во тек, а Барса важи за голем фаворит во трката за потпис на овој кошаркар.

Се вчитува...