Партизан конечно успеа да се ослободи од Џабари Паркер, макар и на неколку месеци откако „црно-белите“ се согласија да го испратат американскиот крилен кошаркар на позајмица во Хувентуд.
Паркер останува запаметен како најголемо трансфер-промашување во историјата на белградскиот клуб, откако потпиша двогодишен договор за плата од над два милиони долари по сезона, а не покажа буквално ништо. Тој беше бледа сенка додека Обрадовиќ беше на клупата, а по доаѓањето на Пењароја најчесто дуелите ги следеше од трибините, јасен знак дека и новиот тренер воопшто не е задоволен од залагањето на Паркер на тренинзите.
Хувентуд покажа интерес, а Партизан веднаш се согласи, па иако шпанскиот клуб ќе покрие помалкау од половина од платата на Паркар до крајот на сезонава, АБА-шампионот беше решен да стори се само да ја заврши оваа мизерна епизода. Останува надежта дека Џабари ќе влезе во ритам до крајот на сезонава, со што би се зголемиле шансите Партизан да најде купец за него за следното лето, бидејќи е повеќе од јасно дека за Американецот веќе нема иднина во белградскиот кошаркарски гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

