Атанасовска одлична: Прво и второ место на трките во Телфс

Јана Атанасовска веднаш по завршениот настап на ЗОИ 2026 продолжува со трките оваа скијачка сезона, откако македонската репрезентативка блесна на настапот во Телфс, Австрија.

Таа учествуваше на две трки, од кои на едната го освои првото, а на едната второто место, овојувајќи нови ФИС точки за своите одлични настапи.

„На денешните FIS трки во Австрија, Јана Атанасовска блесна со два врвни резултати во исклучително силна меѓународна конкуренција и уште еднаш го потврди својот квалитет на европската сцена.

​ ПОБЕДА И НАЈДОБАР ЛИЧЕН РЕЗУЛТАТ! Во втората трка Јана доминираше и го освои 1-то место со 24,09 ФИС точки, што воедно е нејзин најдобар резултат во досегашната кариера!

​ ОДЛИЧНО ВТОРО МЕСТО! Претходно, во првата трка, таа покажа сигурност и техничка прецизност освојувајќи го 2-то место со 25,34 ФИС точки.

​Овој успех е резултат на континуирана работа, дисциплина и јасна визија кон светскиот врв. Со вакви настапи, Атанасовска испраќа силна порака дека македонското алпско скијање незапирливо чекори напред кон најголемите светски успеси“, информираат од Скијачката Федерација на Македонија.

Се вчитува...