Дурент сака да игра на ОИ во 2028 година: Љубовта кон татковината е најголема

Легендарниот американски кошаркар Девин Дурент изрази жеба да настапи на Летните олимписки игри кои во 2028 година ќе се одржат во Лос Анџелес.

Дурент е стандарден репрезентативец на САД веќе подолго време, а и покрај тоа што непосредно по крајот на Игрите ќе наполни 40 години тој не сака да биде изоставен од тимот.

„Не сакам моето име да биде „избришано“ само поради фактот дека сум постар и дека веќе сум настапувал. Грент ја разбира мојата љубов кон репрезентацијата. Тоа е моето семејство. Нивото на љубов кое го имам спрема екипата на САД и целата организација е неспоредлив. Така да, сакам да бидам дел од тимот се додека не се пензионирам“, изјави Дурент.

На последните Летните олимписки игри во Париз во 2024 година Дурент стана првиот Американец со четири освоени златни олимписки медали.

„Едноставно сакам да играм за селекцијата на САД. Сакам да ја претставувам мојата држава. Тоа е најважната работа за мене, да го ставам грбот на САД на градите и да ја претставувам мојата држава“, додаде кошаркарот.

Се вчитува...