Кошаркарот на Чаир 2030, Џејлин Билингсли е најкорисниот кошаркар на 16. коло во Суперлигата. Американецот го предводеше својот тим до важна победа над Кожув.
Реализираше 26 поени (4/6 во обидите за три поени, 5/6 за два и максимални 4/4 од линијата за слободни фрлања). Покрај тоа додаде и седум скокови, три украдени топки и по еден блок и асистенција за индекс на корисност од 34.
Покрај него во петорката на колото се најдоа и: Џавон Грин, Мухамед Тачи, Тери Армстронг и Роберт Рикиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

