Талант Душебајев и официјално е именуван за нов селектор на ракометната репрезентација на Франција, прв странец на клупата на селекцијата на „триколорите“ по 1958 година.
Тој ќе ги преземе своите должности на 16 март, на почетокот на репрезентативната пауза со двоен пријателски натпревар против Шпанија.
А, се почна со изненадувачкото повлекување на Гијом Жил од селекторската функција.
„Тоа е моја одлука, врз основа на моите чувства и долг период на размислување“, изјави Жил на прес-конференцијата. Тој има освоено две злата на големите натпреварувања (на ОИ 2021 и на ЕП 2024), но фактот дека Франција не влезе во Топ 4 на последниот европски шампионат сериозно ја разниша неговата позиција.
Ова е прв пат од 1958 година и Германецот Бернхард Кемпа, францускиот тим да биде предводен од странски тренер.
Душебајев во моментов го води полски Киелце, но доби зелено светло од клубот за паралелно да ја извршува и оваа функција, една од најеминентните во светскиот ракомет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

