Во насока на засилена промоција на фудбалската игра на домашната сцена, ЕКИПА со избор на најдобрите од секоја рунда натпревари од ПМФЛ. Покрај тимот на колото и најдобриот играч, ќе се обидеме да ви ги доближиме и сите најинтересни моменти од секое коло, низ една рекапитулација на настаните.
ТИМ НА 19. КОЛО
Вардар и Шкендија продолжуваат да „маршираат“ кон титула. Тимот кој заврши како второпласиран во есенскиот дел Струга ТЛ „крена раце“ од пехарот. Трет натпревар во кој не победи, и сега речиси веќе нема шанси да дојде до позицијата број 1, иако беше на само бод од есенскиот првак. Меѓутоа тимот на Бледи Шкемби во пролетниот дел потфрли целосно. Откако загуби од Шкендија, потоа и од Силекс, сега не го победи Пелистер. Одигра само 1-1, и се чини приказната за титула завршува, а сега останува само битката за Купот. Вардар, пак, минимално го совлада тимот на Башкими. Од еден мирен меч, на крајот се претвори во тензии, во плуканици, црвен картон, и закани за напуштање на теренот поради изици на национализам од трибините, за кој Вардар доби суспензија од ФФМ. На крајот Башкими пропушти и шанса да израмни со играч помалку, па Вардар со еден гол ги освои бодовите, и ја продолжи битката за титулата. Мечот имаше и трето полувреме, откако дел од раководството на Башкими нападна и полицајци. Со соопштенија се јавуваше потоа Фудбалската федерација која објасни дека црвениот картон бил оправдано досуден, а Башкими кажа дека сакале да го напуштат теренот поради национализам. Се појавија и сомнежи за други наместени мечеви на Башкими минатата сезона, покрај оној со Кожуф, па останува сега органите да решат дали ќе преземат мреки против кумановскиот тим. Шкендија, пак, со гол во последните мигови триумфираше во Кратово. Може слободно да се каже дека Силекс не заслужи пораз, заслужи бод, па можеби и три, но на крајот тетовскиот тим немилосрдно го казни кратовскиот тим. Тешка победа на тежок терен на Шкендија, и што е најважно, три бода за продолжување на патот кон титулата. Работнички победи за надеж за опстанокот и тоа кај Брера, еден од директните конкуренти, кој одлично го стартуваше првенството. Сепак, „романтичарите“ и натаму се далеку од некаков опстанок. Македонија ЃП запиша пораз од Тиквеш, можеби клучни бодови за кавадарчани за опстанокот. Пелистер со голем бод против Струга ТЛ, додека Арсими го победи Шкупи, кој веќе е во Втората лига. Битката за опстаноко ќе биде тешка и неизвесна.

====================================
ИГРАЧ НА КОЛОТО: Џејсон Езеб (Работнички)
Работнички, конечно, победи после долго време, благодарение на двата гола на новиот напаѓач Џејсон Езеб. Триумф на гостувањето во Струмица кој носи надеж за опстанокот, но „романтичарите“ и натаму се многу далеку од опстанокот. Но, оваа победа ја крева самодовербата пред финишот на сезоната.
================================

ТРЕНЕР НА КОЛОТО: Јетон Беќири (Шкендија)
Јетон Беќири и неговиот тим одиграа одлично во првиот дел, но во вториот во еден миг Силекс не му дозволи да „дише“. Го притисна, а Шкендија ја чекаше шансата преку противнапади. Откако успеа да се одбрани, на крајот со голот на Зејнулаи, тетовскиот тим славеше.
==============================
ГОЛ НА КОЛОТО: Арбин Зејнулаи (Шкендија)
Играчот од средниот ред на Шкендија, Арбин Зејнулаи го постигна победничкиот гол за својот тим во Кратово. Овој фудбалер упати одличен удар од волеј и ја смести топката во мрежата на Џеков. Убав гол за триумф на тетовскиот тим и продолжување на патот кон титулата.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ ПОСЛЕ 19. КОЛО:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
