Вардар со негатива од еден гол на полувреме против Мелсунген

Двократниот европски шампион Вардар има негатива од 18-19 на домашен терен против бундеслигашот Мелсунген во натпревар од 2. коло од главната фаза во Лигата на Европа.

За разлика од мечот во Лисабон, Вардар стартуваше цврсто во одбраната, а прв во нападот го начна голот на противникот Јака Малус за водство од 1-0 на „црвено-црните“ во третата минута. Вардарци во првата третина од полувремето правеа многу грешки во нападот, а одличен на голот на гостинскиот тим беше Бартуч кој забележа три интервенции во воведните десет минути по кои гостите имаа позитива од четири гола 4-8.

Иван Чупиќ мораше да реагира со тајм-аут, но и тој не помогна. Следуваа нови грешки во нападот, а Германците поведоа и со шест голови разлика 4-10. Црвено-црните успеаја да заиграат подобро во следниот период и успеаја да ја преполоват негативата (9-12). Сепак, тоа беше само краток блиц-криг бидејќи Мелсунген многу брзо ја врати позитивата од шест гола 9-15 во 22. минута.

Избраниците на Иван Чупиќ конечно заличија на себе па во 27. минута за намалија на само два разлика 14-16, по кои и гостинскиот тренер Парондо мораше да го побара својот прв тајм-аут. До крајот на првиот „црвено-црните“ намалија на еден разлика 18-19.

Новото засилување Воркапиќ со шест гола е прво име во таборот на македонскиот тим, додека кај гостите Стефансон исто така има шест гола, а одличен е и голманот Бартуч кој забележа осум интервенции.

Се вчитува...