Силекс го освои Кавадарци – веќе и „дише во врат“ на Струга, „лавовите“ до бод во Гостивар (ВИДЕО)

Силекс активно ќе ја продолжи трката за третата позиција на табелата во Првата македонска фудбалска лига и европски излез, откако во 20. коло од шампионатот триумфираше со 0-1 на секогаш ‘жешкото’ гостување против Тиквеш во Кавадарци.

Триумфот за Силекс го донесе Пиреш со голот во 62. минута од натпреварот, а на асистенција на Дарко Додев.

Во продолжението, Тиквеш го диктираше ритамот, имаше и две одлични можности преку Стојанов, притоа и со еден постигнат погодок, но оправдано поништен поради офсајд-позиција.

Во Гостивар, пак, Арсими и Македонија ЃП ги поделија бодовите играјќи 1-1.

„Лавовите“ први поведоа со голот нa Ајдоган во 35. минута од средбата, но Арсими брзо израмни веќе во 38. минута, со голот на Бешагиќ, за конечни 1-1.

Се вчитува...