Нападот на Иран од страна на американските и од израелските воени сили предизвика хаос во регионот, па така информациите од светските медиуми говорат и за напади од Иран на териториите на Катар, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати.
Се пишуваше и за проектили врз Дубаи, по што словенечките новинари успеаја да стапат во контакт со нивниот сонародник Јурица Големац, кој е шеф на стручниот штаб на евролигашот Дубаи и од лице место говореше за ситуацијата во оваа светска метропола.
„Се слушнаа неколку детонации и тоа е тоа, градот функционира сосема нормално. Луѓето се во трговските центри, на улици, би рекол дека животот тече во некоја нормала. Секако дека следиме вести, јасно ни е дека ситуацијата не е пријатна, но има и многу преувеличување. Овде околу мене ништо не епаднато, колку што разбрав не станува збор за бомби, туку за шрапнели од урнатите проектили. А оние слики од хотелот во пламен… тоа не беше бомба, туку една запалена соба. Верувајте, ако беше бомба штетата сигурно ќе беше многу поголема. Се обидуваме да функционираме нормално, закажав и опционален тренинг, оној кој се чувствува подготвен да дојде и да одработи, да се фокусира на кошарка наместо на она што се случува во нашата околина“, прокоментира Големац.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

